Честопати мислам дека Ducati SuperSport 950 е заборавениот модел во линијата на мотоцикли на Италијанската компанија.

Можеби тоа е поради неговиот изглед или пак бројот на коњски сили.

Но без разлика која е причината, оваа машина е интересен додаток на линијата на мотоцикли на Ducati, која за сезоната 2021 доби неколку промени и подобрувања.

А со оглед на тоа дека се појавија голем број на фотографии, сметам дека е вистинско време да зборуваме малку за овој мотоцикл.

Во однос на промените кај моделот за сезоната 2021, редизајнираните надворешни делови се највпечатливи. Но промени има и во внатрешноста, пред се во однос на електронскиот пакет. Додаден е и шест-оскен IMU како и 4.3 инчен TFT екран.

Доколку ја тргнеме на страна бојата, главната разлика меѓу Ducati SuperSport 950 и Ducati SuperSport 950 S може да се најде кај суспензијата. Моделот S има Öhlins механички делови додека пак основната верзија користи Marzocchi вилушки и Sachs амортизер.

2021 Ducati SuperSport 950 40 scaled 1

SuperSport 950 S исто така има црвена ознака на алуминиумските бандажи како и „removable solo seat cowl“.

Препорачаната цена на производителот за основниот 2021 Ducati SuperSport 950 модел изнесува 11.300 евра. За дополнителни 2000 евра можете да станете сопственик на 2021 Ducati SuperSport 950 S.

Севкупно гледано, Ducati SuperSport 950 е уникатна машина во мото индустријата, особено кај премиум брендовите. Многу малку компании прават спортски мотоцикли на кои можете да закачите торби за багаж.

Би рекол дека најблизок ривал на оваа машина е BMW R1250RS. Овој мотоцикл е речиси целосно различен од SuperSport 950 освен во една работа, намерата на сопственикот на овој мотоцикл. Можеби во оваа категорија спаѓа и KTM 1290 Super Duke GT, иако се разликува во однос на другите машини во многу работи. Но можеби и токму тоа го прави овој сегмент толку интересен.

За претходната генерација на овој мотоцикл сметав дека не е доволно добра за тркачката патека. Но за возење низ кањони, SuperSport секогаш бил на висина на задачата, и можеби тоа е најдобриот дел на овој мотоцикл.

Доколку ги додадете торбите, тогаш Ducati SuperSport 950 станува многу попрактична машина од било што друго што ни дошло од линијата на Panigale.

Back To Top