Тројца наши натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на патеката Серес во Грција во рамките на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.
Втората и третата трка од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам ќе се одржат викендов на патеката Серес во Грција. Пред една недела нашите претставници го започнаа походот кон титулата на патеката Плевен во Бугарија.
Во класата до 125цц нашиот Христијан Бузалковски (МК Мотори) воопшто не стартуваше откако доживеа пад во саботата. Заработи повреда на раката и моторот беше прилично искршен, но популарниот „Бузо“ веќе е подготвен за следните возбудувања и двојната програма која го очекува викендов.
Игор Спиров - Зизи (МК Гого) извозе одлична трка во класата F600. Во конкуренција на 17 возачи на мократа патека во Плевен дојде до четвртата позиција. Спиров имаше фантастичен старт па на почетокот од трката го видовме на втората позиција, но до крајот двајца возачи успеаја да го поминат и да му ја скратат радоста за подиумот. Сепак имајќи ги во предвид условите на патеката и подготвеноста на конкуренцијата Спиров направи одлична работа и на најдобар можен начин го започна шампионатот.
Повратникот во брзинскиот мотоциклизам Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) во класата F1000 ќе се обиде да го подобри резултатот од Плевен. Тој иако имаше одличен старт на крајот финишираше како 9-ти. Дождот секако беше една од причините за лошиот пласман, но знаејќи го Ивчески сигурни сме дека во Серес ќе видиме сосема различно издание од него.
Според програмата, нашите претставници ќе ги имаат своите сесии според следниот распоред:
Петок
Време | Класа | Сесија |
11:00 - 11:15 | SP 125 | Тренинг 1 |
11:25 - 11:45 | F600 | Тренинг 1 |
11:55 - 12:15 | F1000 | Тренинг 1 |
13:25 - 13:45 | SP 125 | Тренинг 2 |
13:55 - 14:15 | F600 | Тренинг 2 |
14:25 - 14:45 | F1000 | Тренинг 2 |
15:55 - 16:15 | SP 125 | Тренинг 3 |
16:25 - 16:45 | F600 | Тренинг 3 |
16:55 - 17:15 | F1000 | Тренинг 3 |
Сабота
Време | Класа | Сесија |
09:00 - 09:15 | SP 125 | Квалификации 1 |
09:25 - 09:45 | F600 | Квалификации 1 |
09:55 - 10:15 | F1000 | Квалификации 1 |
11:25 - 11:40 | SP 125 | Квалификации 2 |
11:50 - 12:10 | F600 | Квалификации 2 |
12:20 - 12:40 | F1000 | Квалификации 2 |
14:10 | SP 125 | ТРКА |
14:45 | F600 | ТРКА |
15:20 | F1000 | ТРКА |
Недела
Време | Класа | Сесија |
09:00 - 09:15 | SP 125 | Квалификации 1 |
09:25 - 09:45 | F600 | Квалификации 1 |
09:55 - 10:15 | F1000 | Квалификации 1 |
11:25 - 11:40 | SP 125 | Квалификации 2 |
11:50 - 12:10 | F600 | Квалификации 2 |
12:20 - 12:40 | F1000 | Квалификации 2 |
14:10 | SP 125 | ТРКА |
14:45 | F600 | ТРКА |
15:20 | F1000 | ТРКА |