Македонските кросисти кои настапија на трките од Балканскиот шампионат во мотокрос на патеката Крешево во Босна забележаа одлични резултати.
Македонските кросисти кои настапија на трките од Балканскиот шампионат во мотокрос на патеката Крешево во Босна забележаа одлични резултати.
Во класата МХ1 МФМ имаше двајца претставници, Христијан Илиоски и Гоце Томовски. Христијан Илиоски (МК Пелистер) во класата МХ1 беше најуспешен во конкуренција на 17 возачи. Тој првата трка ја заврши на втората позиција зад конкурентот Адријан Радута од Романија, но втората трка ја извозе одлично и со освоената прва позиција се враќа во Македонија со пехарот за првото место во класата МХ1.
Во оваа класа настапи и нашиот Гоце Томовски (МК Гого) кој прикажа одлично возење и на двете трки го забележа 4-то место. Високиот пласман на Томовски му донесе 36 бодови на контото од Балканскиот шампионат во мототкрос.
Во класата МХ Ветерани уште еден македонец се закити со пехар. Борче Костов (МК Ноќни Волци) имаше одличен настап на двете трки, во првата иако стартуваше последен успеа да дојде до четвртата позиција во класата МХ Ветерани, а во втората трка тој прикажа одлично возење и на крајот заврши на третата позиција. Успешниот настап на Костов во Крешево му донесе нови 31 поен во генералниот пласман.
Распоредот на шампионатот до крајот на сезоната:
Датум | Место | Земја | Забелешка | |
MX01 | Март 26-27 | Јаница | Грција | EC65 & EC85 |
MX02 | Април 16-17 | Гевгелија | Македонија | EC65 & EC85 Одложена за 23.10.2016 |
MX03 | Мај 7-8 | Каисали | Турција | Одложена за 24-25.09.2016 |
MX04 | Мај 28-29 | Крешево | Босна и Херцеговина | Само класите MX1, MX2 и MX |
MX05 | Јуни 18-19 | Глобаре | Србија | EC65 & EC85 |
MX06 | Септември 17-18 | Самоков | Бугарија | |
MX07 | Октомври 8-9 | Тројан | Бугарија |