Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Викендов на патеката во Ада Хуја во Белград ќе се оддржи „Мопед ендуранс“ трката, поточно станува збор за трка со популарните Томоси, која е организирана на врвно и професионално ниво.

DSC 0735

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

„Здраво, па морам да признаам дека сум малку возбуден бидејќи прв пат ќе се натпреварувам на ваква трка, односно трка која ќе биде во време траење од 4 часа, поготово со Томоси. Ќе биде многу забавно, овој шампионат го возат многу познати тркачи од Балканот, па чест ми е што и јас ќе бидам помеѓу нив, и се надевам дека ќе има одлична забава и ќе си поминеме супер!“ - изјави Бузалковски.

Му посакуваме многу среќа на првата трка од овој карактер за него и се надеваме на успех на нашиот натпреварувач!

Back To Top