За оние најупорните за кои ни снегот не е пречка, подготвивме неколку совети за возење во услови на снег на коловозот.

За оние најупорните за кои ни снегот не е пречка, подготвивме неколку совети за возење во услови на снег на коловозот.

159660131 Riding Motorcycle in Snow Matt Cady Getty e1392827206860

Набиен снег

Набиениот снег е најлошата комбинација кога станува збор за возење. Неколку часа претходно на него веќе возеле автомобили и поради тое е лизгав и многу тежок за возење. Тазе паднатиот снег е многу полесен за возење и помалку ризичен. Исто така многу поголеми се шансите да се лизнете доколку ги следите трагите кои веќе ги има на улицата.

Не правете две работи истовремено

Исто како и при возење на влажни услови, немојте да правите неколку работи истовремено. Стиснете на сопирачката па потоа управувајте со мотоциклот. Завртете па потоа забрзајте. Контактот на мотоциклот со асфалтот е многу мал па затоа немојте да притискате на сопирачката додека влегувате во свиок. Без разлика колку добро го правите тоа на суви услови, големи се шансите во ваков случај да паднете.

Возете во повисока брзина

Ова ќе направи вашиот мотоцикл многу подобро да реагира на снегот и ќе имате подобра контрола над него.

Бидете нежни со контролите

Ова важи за се: сопирачки, гас, управување. Доколку не сте „лесни“ со контролите многу лесно можете да загубите концентрација и да притиснете на гаста повеќе отколку што треба.

Доколку се приближувате до некој свиок, притиснете на сопирачките многу порано. Исто така држете и соодветно растојание со останатите возила. Користете ги и двете сопирачки за да оддржите баланс на мотоциклот и да не ја оптеретите премногу предната гума. И запомнете, запрете пред да влезете во свиокот.

Не ја вртете рачката за гаста се додека не се најдете на правец. Дури и тогаш немојте нагло, туку тоа направете го внимателно и постепено.

Не брзајте

Немојте да се правите херои, движете се побавно. Фокусирајте се на возењето и бидете што е можно повеќе релаксиран. Нема да добиете дополнителни поени доколку стигнете побрзо.

Секогаш бидете подготвени

Доколку подолго време возите на снег лесно може да се опуштите но не заборавајте дека снегот крие многу опасности. Под свежо наврнатиот снег може да се крие слој на набиен, замрзнат снег или нешто комплетно различно.

Облечете се убаво

Многу полесно ќе останете концентрирани доколку не се тресето од ладно.Облечете се убаво. Вратот нека ви биде заштитен за да не ви влезе снег или за да не ви дува ветер. Сите пропусти во облеката ќе бидат искористени од ладното. Погрижете се рацете да ви бидат соодветно заштитени. Нема ништо полошо од тоа да се обидувате да возите опуштено, а рацете ви се замрзнати и ништо не чувствувате. Ако ви е ладно запрете и обидете се да ги загреете дланките кај издувот.

Back To Top