Кога грее сонцето, сите имаме желба да го извадиме мотоциклот од гаражата и да поминеме голем број километри со него.

Возењето на топло време е одлично но вие и вашиот мотоцикл морате да бидете подготвени. Ова особено важи доколку подолг период не сте возеле.

Оваа листа која ја подготвивме ќе ви даде неколку совети како најубаво да го поминете летото.

Проверете ги гумите

Без разлика какво е времето, вашите пневматици трпат многу. Но кога времето е топло, тие најмногу можат да се оштетат. Кога се загрева асфалтот, се загреваат и гумите и затоа е многу важно тие да го имаат вистинскиот притисок. Ако не можете да ги измерите дома, отидете до најблиската бензинска пумпа и искористете го нивниот компресор. Исто така, проверете ја и шарата дали е оштетена.

Проверете ги течностите

Пред да тргнете некаде на пат, секогаш проверете го нивото на течностите во мотоциклот. Проверката на маслото на мотоциклот е специфична работи и ако не знаете како да го направите тоа, погледнете во прирачникот кој го имате за мотоциклот. Лесно можете да проверите дали има доволно течност кај сопирачките и менувачот. Топлото време особено влијае на овие работи и затоа секогаш се препорачува внимателно да ги проверите пред да тргнете на некое подолго патување.

summer ride txt 04 07

Носете ја вистинската облека

Ако немате летна облека за возење мотоцикл, време е да купите нешто такво. Ќе ви биде многу непријатно доколку возите со зимска облека. А ќе ви биде уште понепријатно ако кожната јакна ја замените со обична маица.

Соодветната летна опрема ќе ја држи оптималната температура на телото, а притоа нема да ја загрози вашата безбедност. Летните ракавици имаат штитници за зглобовите и дланките а летните, тексас панталони за возење се многу подобра опција отколу кожните панталони. Летните јакни се добра опција а тие имаат и штитници за лактите, рамењата и грбот.

Обидете се да го паркирате мотоциклот под сенка

Седиштето, пластиките и бојата ќе се оштетат доколку мотоциклот помине премногу време на сонце. Истото ќе се случи и со дисплејот и цревата.

Планирајте го патувањето и направете повеќе паузи.

Кратко возење е едно нешто но ако одите на некоја подолга дестинација тогаш направете добар план, правете почести паузи и земете повеќе вода со вас.

Ако сте некаде далеку од цивилизација, тогаш сте оставени сами на себе. Ако дехидрирате нема да имате концентрација, а тоа не е добро кога сте на мотоцикл.

Крема за сонце

Можеби ќе звучам како вашите родители но не заборавајте да ставите крема за сончање на деловите кои се изложени на сонце. Вратот, рацете и лицето најчесто треба да ги мачкате.

Back To Top