Порано или подоцна сите правиме грешки. Понекогаш едноставно ќе се опуштиме и премногу остро ќе влеземе во свиок.

Порано или подоцна сите правиме грешки. Понекогаш едноставно ќе се опуштиме и премногу остро ќе влеземе во свиок.

Но што ќе правите во тој случај? Доколку не знаете што треба да направите тогаш сигурно нема да реагирате на вистинскиот начин. Доколку не сте извежбани за да реагирате на правилниот начин, инстинктот ќе се погрижи да реагирате на погрешниот начин.

Во повеќето случаи кога се наоѓате во таква ситуација, возачот едноставно не го користи целиот потенцијал на мотоциклот. Речиси секогаш клучот за да излезете неповреден од оваа ситуација е пред се да не кревате паника, а потоа дополнително да го навалите мотоциклот. Во никој случај немојте да притискате на сопирачката.

Motorcycle Cornering Technique 1014

Кога возам на пат исполнет со свиоци, постојано се потсетувам на една работа: Ако премногу брзо влезеш во свиок, навали го мотоциклот колку што можеш повеќе. Се надевам дека ова ќе го истренира мојот мозок за доколку некогаш се најдам во таква ситуација ќе реагирам на вистинскиот начин наместо да паничам.

Оваа несреќа која се случила во Калифорнија ни покажува возач кој донел погрешна одлука. Тој влезе во свиокот побрзо отколку што тој очекувал, го исправи мотоциклот и се обиде да закочи. Можете да го видите и него како стои исправено. За среќа возачот помина воглавно без повреди. Возачите кои беа пред него и зад него исправно влегоа во свиокот, а и тој не се движеше многу побрзо од нив. Тоа значи дека и тој можел без проблем да го помине свиокот.

Која е лекцијата од сево ова? Бидете подготвени за следниот пат кога лошо ќе  процените некој свиок. Тренирајте го вашиот мозок да реагира на вистинскиот начин. Наместо да ве фаќа паника, навалете го мотоциклот повеќе.

Back To Top