Основите на возењето се од голема важност, се разбира се додека ги имате врежано во вашиот инстинкт, ќе воведете разлика меѓу возењето утре и "Долгата дремка" не дај Боже.

Сетете се на вашето последно искуство возејќи во густ сообраќај. Замислете си ги возилата кои ве опкружуваат, кои ви го намалуваат просторот,  оние кои ви одземаат предност и ви ја пресекуваат траекторијата на непречено движење. Потоа, обидете се да си створите слика на околината, на брзината со која се приближувате до некои објекти, сообраќајните знаци, кои ви даваат многу значајни информации и обидете се да претпоставите кога ќе згасне зеленото светло и кому ќе му се отвори слободен премин на раскрсницата пред да ја свртите рачката за гас до крај.

Да, така е, читајќи ги знаците можеш да поминеш голема дистанца без да употребиш кочница на пример, се разбира ако нешто непредвидено не се појави на патот, па и тогаш ќе имаш доволно време да реагираш. Обидете се да претпоставите како ќе реагираат останатите учесници во сообраќајот, што ќе направат пешаците, колку е лизгава белата лента на пешачкиот премин, а лизгави се особено кога коловозот е влажен. Потоа, замислете ги возачите кои разговараат на мобилен додека возат, тие мислат само на две работи, телефонскиот разговор и состојбата на патот пред нив, тие не внимаваат што се случува околу нив, имајте го тоа на ум. Обидете се да си ја замислите секоја можна ситуација и да го предвидите нејзиниот исход.

Набљудувајќи ги движењата на возачот преку прозорците и ретровизорите на нивните возила е одличен начин да се претпостават нивните ненадејни движења.

Возењето моторцикл во густ сообраќај може да биде вашиот најголем кошмар, особено за оние кои за прв пат се качуваат на челичниот ат или ги возат своите први неколку стотини километри. Не е ни чудо што толку многу моторциклисти го бакнале асфалтот, а некои и смртно го прегрнале, во пренатрупаните сообраќајници. Вчудовидувачки е колку најразлични задачи треба да изврши еден моторциклист во едно обично дневно возење од дома до работното место, на пример. Успешно исполнување на сите тие задачи претставува одговор на повеќе информации и истовремена и точна реакција на истите. Да се погреши во тој случај е еднакво на (само)убиство, Ви претставуваме неколку совети како да се соочите и справите со густиот сообраќаен метеж.

Будно набљудувајте ги главите и ретровизорите на возачите

Набљудувајќи ги движењата на возачот преку прозорците и ретровизорите на нивните возила е одличен начин да се претпостават нивните ненадејни движења. Повеќето од нив нема да го променат правецот на движење пред да ја мрднат главата лево или десно (иако прво нема да погледнат во ретровизорот).

Верувајте им на вашите ретровизори, но не целосно

Ретровизорите на вашиот моторцикл може да ви го сочуваат животот, но не секогаш ќе ви ја доловат целосната слика зад вас и назад поред вас, иако претходно сте ги наместиле речиси идеално. Во сообраќајот секогаш потврдете ја сликата која ви ја дава ретровизорот со еден брз поглед преку вашето рамо. Сторете го тоа брзо и ќе добиете додатна мерка на внимание и поглед кон мртвата точка во вашата задача да собирате информации за состојбата на патот, додека јавате на вашиот миленик.

crazy_motorcycle.jpg

Никогаш немој да се најдеш помеѓу некое возило и излез од патот

Ова звучи премногу едноставно, но голем број возачи одлучуваат да излезат од автопатот или да свртат десно во последен моомент, со тоа убивајќи голем број мотоциклисти секоја година. Со тоа правилото е едноставно никогаш немој да возиш од десната страна на некое возило односно да се ставиш на пат меѓу возилото и скршнување од патот, без разлика дали е тоа на десно или на лево или пак станува збор за излез од автопат. Во денешно време претекнувањето од десна страна, иако незаконско и  треба да е последна работа која би ти паднала на памет, сепак понекогаш се чини е неизбежно. Така да, ако сте наумиле да го направите тој чекор, направете го помеѓу излезите или помеѓу растојанието од една до друга крстосница. Но, иако го сторите тоа помеѓу две раскрсници, внимавајте на таксистите кои секој момент може да запрат на десната страна за да земат некој патник.

Сопирачките на дофат

Во сообраќајниот метеж честопати мора брзо да реагирате и да запрете, што значи дека не треба да ја барате рачката на сопирачката во последен момент, туку секогаш треба да имате еден или два прста на рачката за кочење и врвот на десната нога блиску до педалата за задната кочница. Во тој случај ако некој ненадејно запре пред вас или ви го попречи патот, нагло менувајќи ја насоката на движење, вие ќе бидете подготвени за брза реакција.

Бидете забележливи

Бидете сигурни дека сте воочливи, уште од далечина, за пешаците и останатите учесници во сообраќајот, особено другите возачи. Возете со вклучено долго светло дури и преку ден, а кога ќе се приближите зад некого тогаш исклучете го, носете светла опрема, кацига и јакна, односно користете навечер светлечки ленти со кои ќе бидете повпечатливи.

Спремни на гаста

Во сообраќајот секогаш возете во понизок степен на пренос од тоа што би било вообичаено за дадената ситуација. Бидете подотвени и имајте го моторот подготвен во даден момент кога ќе биде побарано од него брзо да ја зголеми брзината, со тоа имате можност да избегате напред наместо да морате да кочите кога некое споро возило ќе ви го попречи патот. Исто така високите вртежи и бучност на машината ќе привлече повеќе внимание од околината кон вас.

За среќа немаме гужви како оние во Тајпеј

Сообраќајот се успорува? Останете лево (или десно)

Кога колите напред нагло ја намалуваат брзината, останете лево или десно од колата што се наоѓа пред вас. На овој начин ќе си оставите отворена врата за бегање, ако е потребно. Исто така ќе ја намали можноста да станете украс на хаубата од возилото зад вас, кое не успеало да сопре на време. Кога веќе сте сопреле, ставете во прва брзина и набљудувајте ги ретровизорите, бидејќи никогаш не се знае...

Вежбајте скенирање на околината

Постојаното скенирање на околината додека јавате - од инструментите на моторот, преку ретровизорите до патот пред и околу вас и мртвите точки од  зад -лево и десно- ќе ви помогне да имате целосна слика за вашето опкружување, а со тоа ќе бидете подготвени за навремено реагирање. Загледувајќи се во една точка, посветувајќи премногу внимание само на ретровизорите или само на тоа што се случува пред вас, е едноставно повик за несреќа.

Вртење лево = измама

Кога се приближувате на раскрснца на која веќе запрело возило, кое се подготвува да сврти в лево, бидете на готовс. Вашите светла треба да се вклучени (дури и преку ден-ова поновите моторцикли го имаат автоматизирано) но не се ослонувајте на овој податок дека ќе ве спаси од незгода. Гледајте ги рацете на возачот на управувачот, гледајте ги тркалата на возилото, ако забележите знак дека ќе ја исполни својата намера пред вие да поминете, бидете подготвени да реагирате брзо - дали ќе кочите, дали ќе стиснете на гаста, дали ќе го заобиколите, се зависи од дадената ситуација како ќе реагирате - биете подготвени

Истражете ја површината на патот

Додадете ја состојбата на асфалтот во вашата база на податоци. Бидете претпазливи дали на асфалтот има истурено моторно масло, антифриз или гориво - претежно се гледа како посјаен дел на патот. Исто така внимавајте дали има песок или камчиња на патот, кои се потешки за воочување. Користете го осетот за мирис, на пример може да  намирисате истурено дизел гориво на патот пред вашите гуми да откријат колку е тоа лизгаво.

Во секое групирање на возила на патот, колони, има места со поголема раздалеченост од една до друга група, користете ги тие зони и возете таму.

Возете во отворени зони

Во секое групирање на возила на патот, колони, има места со поголема раздалеченост од една до друга група, користете ги тие зони и возете таму. Со тоа ќе се одвоите од оние кои имаат повеќе тркала од вашето превозно средство, ќе ви даде додатен простор за маневрирање и ќе бидете подалеку од опасните мтрви агли. Исто така, добро е да се менува брзината, побрзо - поспоро, не е убаво да возите во тек со останатите возила, така сте по-ранливи и помалку воочливи, особено во густ сообраќај.

Користете го палецот

Имајте навика да го користите палецот и да го притиснете прекинувачот на жмигавецот, без разлика на сообраќајната ситуација. Заборавениот сигнал - трепкач може да излаже некое возило и тоа да сврти пред вас мислејќи дека се подготвувате да запрете. Така да, стиснете го прекинувачот еднаш на секоја минута, подобро да го расипете прекинувачот отколку да "изедете" нечија хауба.

Добро е да си тенок

Не се работи за килажата на возачите. Моторциклите се во предност бидејќи се потенки од останатите возила, тоа му дава предност на возачот да се движи лево и десно во неговата лента, на тој начин му е возможно да гледа што е можно подалеку. Имајте го тоа на ум, гледајте што е можно подалеку пред возилото пред вас, дали преку неговите стакла, дали ќе се поместите лево или десно, секако ќе имате подобро согледување на тоа што наидува од спортиваната страна.

Повеќе од еден излез

Да, токму така, моторциклистите паѓаат. Но од друга страна тие се лесни, моторциклите лесни за маневрирање и тенки, така да тоа може да го искористите кога работите ќе тргнат на лошо, нели? Немојте само да притискате на кочницата во дадена опасна ситуација, секогаш има алтернативно решение, покрај кочницата. На пример, наместо да се забиете во тамчето кое свртело лево пред вас, може да избегате во тревникот на "Мак-Оил" секогаш имајте на ум алтернатива за скршнување од патот, нормално ако е потребно.

Попречување на предноста

Ова е лесно, оставете ги поголемите возила да се изборат за предноста на минување кога ќе се најдете во таква ситуација и искористете ги како ваш ЖИВ штит. Кога ќе се запали зеленото светло на семафорот, не брзајте, оставете ги поголемите возила да поминат први.

Зимски услови

Многу од нас од љубовта кон моторциклите неможат да одолеат и да ја дочекаат пролетта, па ги водат своите миленици во кратка зимска прошетка. Во тој случај имајте на ум дека асфалтот е ладен, вашите гуми се ладни и едноставно неможете да ги загреете за да добиете целосна потпора на патот, имајте го предвид и типот на гуми кои вашиот моторцикл ги носи, бидејќи има потврди и помеки пневматици и сите различно реагираат во дадени моменти. На едните им треба повеќе топлина на другите не, ако вашиот пријател пред вас влегол со една брзина во свиокот немора да значи дека можете да го следите. Во зима и со 30 km/h можете да се лизнете на свиокот кој навистина е едноставен - затоа внимавајте и имајте го предвид контактот на гумата со асфалтот.

Миодраг Миладиновиќ
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Back To Top