Она што скоро сите медиуми пропуштија да го пренесат е новата мерка на владата за справување со Ковид-19 вирусот со која како економска мерка се укинува давачката за регистрација на моторите!

Поради зголемен број на случаеви со Корона вирусот во Македонија, владата воведува нова мерка за заштитата од вирусот на повисоко ниво. Владата на денешната 31. седница го разгледа барањето на Министерството за транспорт и врски во кое се бараше да бидат укинати сите давачки кои се на терет на граѓаните и позитивно се произнесе по ова прашање. 

1000w q95

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа, сите станици за технички преглед, а воедно и ја извести сообраќајната полиција дека во периодот кој следува мотоциклите со зафатнина над 50цц ќе бидат ослободени од годишната регистрација.

Донесена е уредбата со која се утврдува како Владата ќе може во текот на вонредната состојба на граѓаните да им понудат повеќе поволности со коишто ќе им го олеснат финансискиот товар за време на корона-кризата, соопштија Владата и Министерството за транспорт и врски. Целта е олеснување на финансискиот товар на граѓаните коишто поради корона-кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во финансиската ликвидност. Со оваа мерка во целост ќе ги ослободиме сопствениците на мотоциклите од давачките кон државата. - стои во соопштението на Владата.

Мерката ќе важи се додека на сила е вонредната состојба во државава.

За крај и за жал не заборавајте дека денеска е 1-ви април, денот на шегата.

Back To Top