Во убава атмосфера, со повеќе од 500 посетители вчеравечер, со почеток во 18:00 часот, се одржа првиот Italian Open Moto Day, настан посветен на италијанската мото индустрија, во организација на Амбасадата на Италија и ДИНАМИКС, увозник и генерален застапник за Piaggio, Aprilia, Ducati и Moto Guzzi.

Со овој настан се одбележува Italian Design Day, иницијатива на италијанското Министерство за надворешни работи, со која преку дипломатските преставништва на Италија низ целиот свет се промовира дизајнот, како една од највпечатливите карактеристки на производите “Made in Italy“, италијанскиот стил и начин на живот.

 DSC7711

Настанот го отворија актерот Сашко Коцев и Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, со забавна и интересна презентација на најновите модели италијански мотoри, VESPA GTS 75th,  Moto Guzzi V7 Stone Centenario, и Ducati Monster.    

Амбасадорот Андреа Силвестри, кој пристигна на настанот возејќи го својот Moto GUZZI, ги поздрави присутните на македонски јазик и истакна дека италијанската мото индустрија последните години добива стратегиско значење за економијата на Италија. Овогодинешниот Italian Open moto Day е во знакот на два значајни јубилеја, 100 години од основањето на Moto Guzzi и 75 години од создавањето на италијанската стилска икона VESPA.  
Посетителите уживаа во несекојдневното искуство и дружење со италијанските мотори, вкусната италијанска храна и пијалоци и италијанската рок музика.

Back To Top