По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

16836635 1580036235359295 8621822579348243906 o

По милион километри пропатувани низ светот, в сабота ќе пристигнат во Скопје, а во чест на нивниот подвиг, тие ќе бидат дочекани на градскиот плоштад околу 14 часот. Around Gaia го завршува своето патување, го пропатуваа светот и сега се враќаат во Македонија, а во сабота ќе имате прилика да се видите со Ивана и Ману.

Настанот ќе биде во организација на мото клубот Вепар од Скопје, во соработка со радио „Бубамара“. На пречекот ќе присуствуваат и добитници на овогодинешната награда „Златна Бубамара", а ќе има и музичка забава во организација на „Бубамара“.

Напомена: Бидејќи настанот се одржува на 1-ви април, влезот на плоштадот нема да биде дозволен со мотоцикли. Мотоциклите можат да се паркираат околу плоштадот, но не и во пешачката зона. Априлијадата која трае до 13 часот ќе придонесе плоштадот да биде исполнет со дечиња и пешаци, па влезот на плоштадот со мотор ќе биде забранет.

Во продолжение следува целосното известување од групата на фејсбук за настанот:

Сабота 01.04.2017

Појдовна точка е Порта Македонија од каде тргаме помеѓу 08:00 до 08:30 

На Граница Гевгелија стигаме околу 10:30 каде што треба да пристигнат Ивана и Ману. 

Тргнуваме од граница во 11:00, по пат ќе има 2 кофи брејка за одмор и сликање 

Пристигнуваме на Плоштад Македонија во центар на Скопје во 13:30 - 14:00

Сите заинтересирани за пречек на влез во Скопје во 13:00 кај мостот на Сингелиќ

Настанот е од Спортско Рекреативен карактер 
Поканети се сите љубители на мото културата, љубители на авантурата, љубители на спортот, мото клубови, друштва, поединци и т.н

Back To Top