Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.
Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.
Ќе тргнат од Македонија, ќе ги поминат сите континенти. Ќе изминат копнен пат на мотор од околу 100.000 километри. Ќе го заобиколуваат светот минувајки низ повеќе од 45 држави. На својот пат тие ќе делат „бесплатни“ гушки на луѓето од сите етнички припадности, вероисповеди и други определби. Тони и Силвана на гушнатите ќе им ја покажат малата Македонија на картата на светот и ќе им го покажат големото срце на земјата и нејзините жители.
Најпрвин прегратките ќе ги соберат низ сите градови во Македонија, за истите да ги разделат низ светот. Турнејата на собирање прегратки низ Македонија е веќе започната и се споделува на веб страната и нивната фејсбук страна.
Собирањето на прегратки низ Македонија ќе заврши на Светскиот ден на гушкањето на 21.01.2018 на плоштадот во Скопје.
Ние ќе го следиме патувањето на овој брачен пар и редовно ќе ве информираме за нивните патешествија, следете не.
Би можело да ве интересира
По долгата пауза најголемиот циркуз на 2 тркала се врати во Британија, со одлични трки во трите класи.
Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.
Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција.
Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.
Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.
Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија.