Под името „Не е се во брзината“ во недела на 28.10.2018 г. ќе се оддржи првата бавна трка во мотоциклизам во Република Македонија, во организација на „Спортскиот клуб – Мото клуб Вепар“ и со поддршка од Град Скопје.
Бавната трка што ќе започне во 12 часот, ќе се состои од натпреварување во четири категории скутери и мотоцикли, а победник во секоја категорија е оној што ќе стигне последен до целта.
Токму и тоа е крајната цел на трката – да се испрати апел до јавноста, до возачите на скутери и мотоцикли, но и до возачите на автомобили и други возила, да внимаваат на брзината на движење во сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на сите учесници.
Неприлагодената брзина на движење, според статистиката на МВР за период од 2010-2017 година, е на врвот од причините за сообраќајаните незгоди со потешки последици – смрт или повреда.
Мото клубот Вепар, бавната трка ја организира пред своите простории во Скопје кои се наоѓаат на Булевар Илинден, бр.140, веднаш после бензинската пумпа на Макпетрол и БМВ сервисот.
Учеството на трката е врз доброволна основа и бесплатно, а листата на учесници e ограничена. Победниците во своите категории ќе добијат пригодни награди од „Мото клубот Вепар“, а за присутните е организирана забава и скромен коктел.
- Повеќе инфо за трката на Фејсбук страната на МК Вепар
- Прва бавна трка во Република Македонија во мотоциклизмот. Организацијата е на МК Вепар, а трката има поддршка и од Град Скопје
- НЕ Е СЕ ВО БРЗИНАТА е официјалното име на трката и од тоа име прозилегува и пораката упатена и до мото-јавноста, но и до пошироката јавност, до сите возачи на моторни возила да внимаваат на брзината на движење и таа не само да биде прилагодена според знаците туку и според патот. (услови на пат – влажен, сув, со дупки, итн.)
-Категории на учесници:
Скутери
До 500 цц
Од 500 до 1000 цц
Над 1000 цц
- Се вози на две паралелени ленти во должина од 20 метри. Победува оној кој ќе стигне втор, а притоа да не допре со нозе на земја.
- Се бодува по систем на елиминација, што значи, победникот од едно возење продолжува во својата категорија да се натпреварува со следниот натпреварувач. Победник во категоријата е оној учесник што по систем на елеминација ги елиминирал другите натпреварувачи.
Наградите се симболични бидејќи не се плаќа ниту котизација за учество:
- Победниците ќе добијат маички од клубот и други ознаки
- Сите учесници ќе добијат благодарница за учество