На 4-ти април (недела) на патеката Орман ќе се одржи првата трка од мото крос шампионатот на Македонија.

Првата трка од мото крос шампионатот на Македонија е закажана за во недела(4-ти април) на патеката Орман крај Скопје, а по подолг период ќе следиме возбудливи трки во сите класи.

Мото клубот Мотори во соработка со мото клубот Вардар од Скопје организира трки во класите МХ1, МХ2, МХ3 и МХ85.

На трките до сега се пријавени 47 возачи, а на патеката по подолг период ќе го видиме и Христиан Илиоски. Не очекува возбудлив старт на сезоната во мото крос!

Трката ќе се одржи на патеката Орман која е со должина од 1750 метри и минимална ширина од 5 метри, а стартот изнесува 55 метри. Се работи за добро позната патека на која во изминатата година и беше извршена санација и подобрувања кои и беа потребни. Патеката има висинска разлика од 10 метри и претставува предизвик за многу возачи. 

Според програмата се работи за еднодневен настан кој започнува во 09.30 часот со техничкиот преглед и верификација, а треба да заврши во 16.10 со прогласувањето на победниците. Првата трка на програмата е во 12 часот.

За жал заради мерките за заштита од Ковид 19 трката ќе се одржи без присуство на публика.

За слики од минатогодишната трка кликнете овде.

poseben 1

poseben 2

poseben 3

Back To Top