Денес на патеката Забел, Ст. Нагоричане се одржа третата и последна за оваа година трка во ендуро натпреварувањата. 

DSC 0101

Само неколку зборови за денешниот настан. Да, ладно беше во Старо Нагоричане (и нешто подалеку), околу 3-4 степени над нула. На добро познатата Ендуро патека Забел, се одржуваше третата Ендуро трка од Македонскиот Шампионат.

Скромниот број посетители и семејната атмосфера го направи настанот налик на оние собири на ранчот на Rossi во Тавуља. Нема тука некое ривалство или анимозитет меѓу натпреварувачите. Еден другарски собир. Ентузијазмот го движи овој свет на две тркала.

Природата и нејзината убавина е бонусот кој ќе ве натера да се вратите повторно и повторно. А патеката? Се состоеше од технички и брзински дел. Техничкиот дел во кој се балансираше и буквално и метафорички меѓу брзината и прецизноста, меѓу лизгавите борови иглички и стеблата дрва забиени попречно, и кратките правци кои дозволуваа краток спринт.

Тишината ја раскинуваа татнежите од издувите на двотактни и четиритактни Kawa, Honda, KTM, Gas Gas, Yamaha па дури и една Beta. Накитени со скапите амортизери, издуви, електроника, гуми и се она без што не може да се појавите на стартна линија. Настрана бројките и освоените позиции, возбудата и еланот во очите на натпреварувачите е она за што вреди да се оди на ваквите настани. И да не се жалиме дека ништо не се случува во нашата држава.

Секако далеку од настаните организирани во скоро сите околни земји, да не зборуваме за побогатите, но сепак се наши. Да ги поддржиме на следните трки и да ја споделиме пасијата со овие момци кои го оставаат срцето на патеката!

Погледнете ја и фото галеријата на Миле Станчев: https://bit.ly/32PudvJ

Back To Top