Еден од најславните мотоциклисти во светот, Валентино Роси, моментално се наоѓа на летување во Хрватска, во друштво на неговата девојка Франческа Софија Новело.

На Instagram Роси објави неколку фотографии од Хвар, а објавите на неговата девојка открија дека уживаат во одморот.

rossi1 1626268322

„Едно од најдобрите искуства во мојот живот“, напиша 26-годишната манекенка.

Валентино Роси е повеќекратен светски шампион во мотоциклизам. Има освоено 9 шампионски титули и е еден од најуспешните возачи на мото трки на сите времиња.

Франческа е познат топ модел за рекламирање долна облека. Пред врската со 42-годишниот Роси, таа често објавуваше разголени фотографии, но како што стана нивната врска посериозна, така фотографиите беа отстранети од нејзиниот Instagram.

https://www.instagram.com/p/CRRwbOdtNlJ/

Парот се запозна на трка, Франческа од 19 години почна да се појавува на светските мото трки, со што и започна нејзината кариера.

„Тоа беше работа како и секоја друга. Фаза во мојата кариера на којашто сум горда. Кога имате 19 години не е лесно да работите со луѓе кои ве гледаат во задник додека минувате или ве допираат по задникот додека се фотографирате. Мото-спортот е машка средина, затоа мора да бидете свесни на себе“, изјави во една прилика.

Извор: Kajgana

Back To Top