Уште еден драматичен ден на релито Дакар. Поранешниот лидер во генералниот пласман, Адриен Ван Беверен мораше да биде евакуран од етапата после тешкиот судар кој го имаше на само 3 километри до целната линија.
26 годишниот возач, кој беше на првото место на оваа стаза, се обиде да се врати на релито но поради преголемите болки мораше да се откаже. Според првичните проценти, тој има кршеница на клучната коска како и повреди на рбетот.
Се до тој момент се чинеше дека Ван Беверен ќе стигне до победата и за разлика од неговите ривали тој не направи ниту една навигациска грешка.
А прв кој погреши беше Аргентинецот Кевин Бенавидес кој се наоѓаше на второто место. Веднаш по него погрешија и возачите на КТМ, Тоби Прајс и Антоан Мео како и возачот на Honda, Жоан Бареда. Овие возачи во еден момент се најдоа на дури 10 километри од зацртаната рута на релито и до моментот кога се вратија на вистинскиот пат, веќе имаа загубено 50 минути.
Еден возач кој немаше грешки во навигацијата беше Матиас Валкнер. Како резултат на тоа, тој успеа да стигне до победа и на крајот имеше предност од 11 минути и 35 секунди пред возачот на Husqvarna Пабло Квинтанила. На третото место се најде Жерард Фарес.
Во генералниот пласман, оваа победа на Валкнер му овозможи да ја зголеми разликата на 39 минути и 42 секунди.
„Ова беше тешка и долга етапа. После првиот дел, кога видов дека Кевин има предност од шест минути, си реков во ред, не можеме на секоја етапа да бидеме брзи. Затоа решив да го оддржувам темпото и тоа се покажа како исправна одлука. Навистина е тешко да се следи навигацијата поради сите овие реки кои ги има тука, но на крајот сепак мислам дека имав успешен ден. Вчера кога разговаравме за местото на табелата на кое се наоѓам, речиси и да немав никакви шанси. Но ова е Дакар и секој ден носи нова промена. Секако дека мислам дека можам да победам, но има шест или седум возачи кои можат да победат, а до крајот на релито има уште многу“, изјави Валкнер.
Сепак има два големи проблеми. Првиот е дека Валкнер, како и поголемиот дел од возачите не го регистрираше своето време на локацијата предвидена за тоа. Со оглед на тоа дека голем број на возачи не го направија тоа, можно е да станува збор дека не го забележале отколку да е навигациска грешка. Но ова се уште не е потврдено.
Вториот проблем е дека Бенавидес заедно со останатите негови колеги од Honda разговараа со организаторите во однос на тоа дека има грешка во книгата со навигации. Бенавидес не беше единствениот кој се пожали поради овој проблем. И возачот на КТМ, Тоби Прајс изјави дека книгата не била најдобра.
„Ова беше еден од оние денови кои сакате да ги заборавите. Сакам да видам сега што ќе ми донесе крајот на неделата. Книгата не ни обезбедува баш најдобри инструкции, но тоа е. Во моментов, за нас ситуацијата не изгледа премногу добра но никогаш не се знае.“
Резултати - Етапа 10
- Matthias Walkner AUT KTM 4h 52m 26s
- Pablo Quintanilla CHI Husqvarna +11m35s
- Gerard Farres ESP KTM +16m 21s
- Oriol Mena ESP Hero +20m 45s
- Ignacio Cornejo CHI Honda +23m 14s
- Andrew Short USA Husqvarna +24m 13s
Генерален пласман по десетата етапа
- Matthias Walkner AUT KTM 32h 21m 03s
- Joan Barreda ESP Honda +39m 42s
- Kevin Benavides ARG Honda +41m 23s
- Gerard Farres ESP KTM +47m46s
- Toby Price AUS KTM +50m18s
- Antoine Meo FRA KTM +1h 03m 35s