Маверик Вињалес сака детално да го проучи стилот на возење на Фабио Куартараро за да види каде може да се подобри.
Маверик Вињалес сака детално да го проучи стилот на возење на Фабио Куартараро за да види каде може да се подобри. Вели дека навистина сака да дознае зошто дебитантот во MotoGP е постојано подобар од неговите колеги од Yamaha.
Возачот на Monster Yamaha не можеше да го следи темпото кое го поставија Куартараро и Марк Маркез и не успеа да се избори за подобар пласман на трката која се одржа во Тајланд.
И покрај тоа што има помал број на RPM, Куартараро е најдобар возач на Yamaha на три од последните пет трки. Вињалес го поздравува ваквиот успех но вели дека сака да открие што е тоа што го прави подобар од останатите возачи.
За време на тренингот во пресрет на трката, настапот на Куартараро внимателно го следеше и Валентино Роси.
„Тој врши одлична работа, добро го разбира мотоциклот и вози совршено“, изјави Вињалес. „Мораме да разбереме што е тоа што го прави подобар со цел и ние да се подобриме.“
„ Petronas Yamaha завршија одлична работа и мислам дека имаат подобар сетап.“
„Ми се допаѓа патеката во Мотеги, тука секогаш притискам за да бидам брз. Се надевам дека ќе имаме добар настап бидејќи вообичеано тука имаме добра трка.“
„Минатата година беше тешко бидејќи немав добро чувство со мотоциклот но сега работите се променети. Можам многу повеќе да притиснам.“
Вињалес останува најдобро пласираниот возач на Yamaha во генералниот пласман и во моментов се наоѓа на четвртата позиција. Шпанецот има предност од 18 поени пред Валентино Роси и дополнителни два поени пред Куартараро. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
Коментари