thumb_55339544_1Одличен старт на првото тестирање во 2012 имаше Хорхе Лоренцо, кој со првиот настап на новата Јамаха од 1000цц оствари најдобро време на патеката Сепанг во Малезија.

55339544_1

Одличен старт на првото тестирање во 2012 имаше Хорхе Лоренцо, кој со првиот настап на новата Јамаха од 1000цц оствари најдобро време на патеката Сепанг во Малезија. Имајќи во предвид дека Лоренцо ги пропушти тестирањата по завршувањето на сезоната во Валенсија минатата година, качувањето на моторот од 1000цц за него е прво по пробното возење во средината на Август на патеката Брно.

Според зборовите на Лоренцо, новиот мотор е одличен, не е многу по различен од оној кој го возел во Брно но добро е што има многу можности за надградба. „Со моторот од 800цц дојдовме до лимитот во однос на подобрувањата, со новиот модел има уште многу елементи кои можеме да ги подобриме за да станеме конкурентни.“ - изјави тој за медиумите веднаш по првиот тест.

На патеката недостасуваше Кејси Стонер, актуелниот светски шампион го истегнал грбот во текот на утринското загревање пред почетокот на тестирањето па беше приморан да остане надвор од патеката, а сеуште е неизвесен неговиот настап за утрешниот ден. Со неговиот мотор тест возачот на Хонда, Акијоши возеше четири кругови, а со моторот на Дани Педроза тој ги сврте почетните десет кругови.

Валентино Роси на крајот од денот финишираше како петтопласиран, со заостанување од 0.735 делови од секундата зад Лоренцо што е одлично доколку се земат во предвид изјавите од Дукати дека ќе бидат задоволни со заостанување до 1.2 секунди зад водечкиот.  „Веќе сме на половина пат во однос на минатата година, разликата е само 0.7 во однос на Лоренцо кој возеше навистина брзо, па мораме да бидеме задоволни“ - изјави Роси.

Тестирањата продолжуваат утре, а ќе завршат во четврток за кога е закажан последниот дел од првото пред сезонско тестирање. Во продолжение и денешните резултати:

1. Jorge Lorenzo (SPA) Yamaha Factory Racing 2'01.657
2. Dani Pedrosa (SPA) Repsol Honda Team 2'02.003
3. Cal Crutchlow (GBR) Yamaha Tech3 2'02.221
4. Ben Spies (USA) Yamaha Factory Racing 2'02.234
5. Valentino Rossi (ITA) Ducati Team 2'02.392
6. Andrea Dovizioso (ITA) Yamaha Tech3 2'02.751
7. Hector Barbera (SPA) Pramac Racing Team 2'02.773
8. Katsuyuki Nakasuga (JPN) Yamaha Factory Racing 2'02.829
9. Alvaro Bautista (SPA) Honda Gresini 2'02.869
10. Nicky Hayden (USA) Ducati Team 2'03.151
11. Stefan Bradl (GER) LCR Honda 2'03.668
12. Karel Abraham (CZE) Cardion AB Motoracing 2'03.781
13. Franco Battaini (ITA) Ducati Team 2'04.986
14. Casey Stoner (AUS) Repsol Honda Team 2'07.163
15. Colin Edwards (USA) NGM Mobile Forward Racing 2'08.240
16. Jordi Torres (SPA) Avintia Racing 2'10.671
17. Ivan Silva (SPA) Avintia Racing 2'11.267

Back To Top