Новајлијата и моменталниот лидер во Moto3 категоријата, шпанецот Педро Акоста следаната година се сели во Moto2 категоријата. 

acosta ajo

Не дека не беше очекувано, особено по брилијантниот старт на сезоната со неколку победи и спектакуларни подиуми, шпанецот Педро Акоста сега и официјално следната сезона се сели во Moto2 тимот на Red Bull KTM Ajo. До него во тимот ќе биде и Аугусто Фернандез. 

Педро и Аугусто ќе ги заменат Реми Гарднер и Раул Фернандез кои се селат во најсилната класа, MotoGP. Тие во моментов се на врвот во Moto2 шампионатот а следната година влегуваат во Tech3 KTM тимот.  

Акоста, со своите 17 години веќе има остварено 5 победи со Red Bull KTM Ajo, а актуелнава сезона по се изгледа ќе стане единствена во историјата на Moto3 натпреварувањата. Тој во моментов има 46 поени предност пред Сеџо Гарсија. 

Back To Top