Не дека откривме топла вода, но се чини дека e веќе извесна судбината на Австралискиот возач во поглед на неговото место во Ducati.

И покрај солидните резултати кои ги постигна во оваа сезона симпатичниот Австралиец, сепак и минатата сезона, а и оваа едноставно не покажа глад за победа и генерално не покажува намера и амбиција за освојување на врвот. Ласките победи се сепак лански вести, и се добива впечаток како да се испразни по постигнување на таа некој негова поставена цел. Дојде до место во фабрички тим и победи. И толку. 

Ова сепак не се критики на негова сметка. Кој и да го направи тоа што го направи Jack, веќе направил голем успех, особено во моменти кога спортот го живее својот зенит заради минималните разлики меѓу веројатно најквалитетните возачи на сите времиња! Она ште не му оди во прилог е апетитот за успех на двајцата возачи Enea и Jorge, кои му “дишат во врат” и како гладни млади лавови кои го изморуваат пленот, некако го клекнаа Австралиецот.

Притисокот да се вози во фабрички тим не е воопшто мал. Притисокот да се вози брзо и константно за фабрички тим е уште поголем. Грешката која ја направи Miller во Портимао сигурно не му помогна, а е воедно и доказ за ова што го пишуваме иако за неговата судбина се зборува уште од минатата сезона. Едноставно впечатокот што го оддава Miller, како да не го интересира и да не вложува дополнителна посветеност и нагон за победа и не остава простор за нешто поинаку освен за отказ. Тоа што спортскиот директор на Ducati Paolo Ciabatti има само пофални зборови за неговата работна етика и за тоа колку Австаралиецот навистина им значи, остава простор да го ангажираат во некој од сателитските тимови. Ако сепак сака да раскрсти со Ducati, тогаш за Jack можеби ќе има место во LCR Honda за кој настапуваше кога доби промоција во MotoGP директно од Moto3. 

А дали има место за некакво изненадување со ангажман на некој возач надвор од академијата на Ducati, на пример некој од двајцата возачи на Suzuki (доколку навистина замине од MotoGP) останива да видиме во следните неколку недели.

Back To Top