Ви ги претставуваме најновите туринг мотоцикли кои се појавија на најважното мото шоу на планетата.

Со оглед на тоа дека расте продажбата на туринг мотоциклите низ светот, убаво беше да се види дека многумина беа заинтересирани за овие машини за време на EICMA мото шоуто. Можеби ги немаат истите способности како авантуристичките мотоцикли, но сепак ништо не може да се спореди со моќните туринг машини.

Еве неколку од најдобрите мотоцикли кои се појавија на настанот.

Kawasaki Ninja 1000 SX

Промените кои ги има 2020 Ninja 1000 SX во однос на актуелниот Z1000 SX, не се однесуваат само на името и на неговиот изглед. Доколку погледнете под површината, ќе забележите дека станува збор за нов мотоцикл.

Предниот дел е потенок и поаеродинамичен. Во однос на технологијата, тој е опремен со врвни додатоци кои ќе ги направат среќни дури и најпребирливите возачи. Мотоциклот е опремен со LED светла, TFT екран,контрола на тракцијата како и контрола на управувањето. Доколку сакате машина со која ќе можете удобно и безбедно да патувате низ целата држава, Ninja 1000 SX е одличен избор.

Yahama Tracer 700

Можеби изгледа како авантуристичка машина, но Tracer 700 е одличен спортско-туринг мотоцикл. Тој има мотор со зафатнина од 689cc и е одличен за возење по патишта исполнети со свиоци. Суспензијата која ја има оваа машина совршено одговара на предизвикот. Додадете го на ова и неговиот изглед, и ќе добиете еден од најдобрите туринг мотоцикли од средна категорија.

BMW S1000 XR

BMW S1000 XR txt 1

Уште една машина која има авантуристички изглед но и која има огромна моќност. BMW S1000 XR во никој случај не смее да се занемари. Мотоциклот доби мали промени за сезоната 2020 а меѓу нив се поголемиот број на коњски сили - 165, TFT екран како и помала тежина.

Ducati Multistrada 1260 S Grand Tour

Ducati Multistrada 1260 S txt 2

Сите ние долго време го очекувавме V4 Multistrada, но за жал тој ќе се појави со 2021 година. Барем се надеваме дека ќе биде тогаш. Засега Ducati кај 1260 S Multistrada обезбеди само подобрувања во однос на удобноста и изгледот. Ова во суштина е стандардниот мотоцикл кој само е опремен со неколку додатоци од каталогот на Ducati. Дали сме малку разочарани поради ова? Можеби малку. Дали ова е се уште одлична туринг машина? Дефинитивно!

Moto Morini X-Cape

Moto Morini X Cape txt 3

Веројатно една од најинтересните машини кои се појавија на EICMA беше Moto Morini X-Cape. Оваа машина има дво цилиндричен мотор со зафатнина од 649cc и авантуристички изглед. Долгата суспензија како и TFT екранот се врвен дел од оваа прекрасна машина.

Back To Top