За новата Хонда се зборуваше многу во изминатиов период и со нетрпение се очекуваше саемот EICMA во Милано.

Хонда сепак се одлучи да го претстави новиот модел и пред почетокот на саемот, денеска до медиумите беа доставени фотографии и информациите за новата Хонда.

2020 Honda CBR1000RR R SP 05

Бројките се навистина импресивни, моделот кој заслужено ќе носи едно екстра „R“ (називот е CBR1000RR-R) развива 215кс, а има тежина од 201кг со сите течности.

Showa е задолжена за суспензијата, за кочниците Nissin со четири-клипен цилиндар и 330мм дискови напред. Секако тука е и одличната електроника со која доаѓа од фабрика, а која вклучува ИМУ во 6 оски, контрола на тракцијата, корнеринг ABS, неколку модови на работа на моторот, електронски амортизер на рачките, а возачот информациите ќе ги добива преку 5 инчен ТФТ екран.

Освен „обичната“ верзија, Хонда ќе понуди и SP модел кој ќе има подобрени спецификации. Кај SP верзијата амортизацијата ќе биде водена од втората генерација на Öhlins Smart Electronic Control (S-EC), а кочниците ќе бидат на Brembo.

За цената ќе треба да почекаме Макпетрол (увозникот на Хонда за Македонија) да ги формира цените кон крајот на годинава, а новиот модел се очекува да пристигне во салоните во јуни 2020.

Back To Top