Овој викенд на патеката во Хајраболу, Турција, се вози втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос на кој Македонија ќе има тројца претставници.

serres-mx-129

Овој викенд на патеката во Хајраболу, Турција, се вози втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос на кој Македонија ќе има тројца претставници.

МФМ на трката во Турција ќе има тројца претставници: Христијан Илиоски, Борче Костов и Андриан Ристевски.

Најголема надеж за нашите фанови секако е настапот на Илиоски во најсилната класа МХ1, имајќи во предвид дека на првата трка го освои третото место и во генералниот пласман заостанува само 7 бодови зад првиот и второпласираниот. Кико со двете трети места во Серес во генералниот пласман има 40 бодови, додека пак неговите конкуренти Радута Адриан (Романија) и Тотев Тодор (Бугарија) имаат по 47 бодови.

ilioski-serres

Во класата МХ85 се очекува солиден настап на Ристевски кој покажа фантастично возење во Серес но за жал немаше среќа. На Ади во првата трка му пукна ланецот, а во втората му се расипа моторот иако имаше одлични шанси да се бори и за место на подиумот. Се надеваме дека викендов тој ќе го покаже својот потенцијал, спортската среќа ќе биде на негова страна и на Македонија ќе и донесе нови бодови од Источно Европскиот шампионат во мотокрос.

ristevski-serres

Во класата МХ3 ќе го следиме Костов кој пред почетокот на сезоната најави дека целта е да ги извози сите трки од Источно Европскиот шампионат. Неуморниот „Жолт“ покажува дека нема промена на планот, а ние се надеваме дека ќе продолжи со солидните возења и ќе ја исполни својата цел.

borce-kostov-seres

Од вкупно 12 трки колку што беа закажани пред почетокот на сезоната до сега се возеше една, онаа во Грција, а втората трка која што требаше да се вози во Гевгелија беше откажана. 

Во продолжение следува и календарот на преостанати трки:

13.04.2014 – Хајраболу, Турција

08.06.2014 – Бузо, Романија

15.06.2014 – Крешево, Босна и Херцеговина

22.06.2014 – Силвен, Бугарија

29.06.2014 – Глобаре, Србија

31.08.2014 – Самоков, Бугарија

14.09.2014 – Тројан, Бугарија

21.09.2014 – Прилеп, Македонија

19.10.2014 – Хинцести, Молдавија

02.11.2014 – Бурса, Турција

Back To Top