Патеката Јаница во Грција викендов ќе биде домаќин на првата рунда од Балканскиот шампионат во мотокрос.
9 македонци ќе ги започнат трките од Балканскиот шампионат во мотокрос. Патеката Јаница во Грција викендов ќе биде домаќин на првата рунда од Балканскиот шампионат во мотокрос.
Христијан Станковиќ (МК Мотостарс) ќе настапува во класата МХ2 и МХ2 јуниор, а во МХ2 друштво ќе му прават Ванов Драган (МК Мото Велес), Виктор Караколев (МК Мото Велес), Ангел Ристов (МК Ноќни Волци) и Васко Киров (МК Ноќни Волци). Во класата МХ (поранешна МХ3) ќе ги видиме Јован Стојков (МК Мотостарс) и Борче Костов (МК Ноќни Волци) кој се бодува и во класата МХ Ветерани. Во најсилната класа МХ1 ќе имаме двајца претставници, Гоце Томовски (МК ГоГо) и Христијан Илиоски (МК Пелистер).
Со македонска лиценца (како возачи на МК Мото Велес) ќе настапат и возачите од Грција: Сотирис Сидеропулос во класата МХ65, а Атанасиос Папаниколау и Панајотис Сидеропулос во класата МХ. Со ова вкупниот број на претставници на МФМ во Грција ќе биде 12.
Распоредот за трките од Балканскиот шампионат во мотокрос е следен:
Датум | Место | Земја | Забелешка | |
MX01 | Март 26-27 | Јаница | Грција | EC65 & EC85 |
MX02 | Април 16-17 | Гевгелија | Македонија | EC65 & EC85 |
MX03 | Мај 7-8 | Каисали | Турција | |
MX04 | Мај 28-29 | Крешево | Босна и Херцеговина | Само класите MX1, MX2 и MX |
MX05 | Јуни 18-19 | Глобаре | Србија | EC65 & EC85 |
MX06 | Септември 17-18 | Самоков | Бугарија | |
MX07 | Октомври 8-9 | Тројан | Бугарија |
Нашата екипа ќе биде присутна викендов на патеката Јаница во Грција, очекувајте извештаи и слики веднаш по завршувањето на трките. На сите претставници им посакуваме успех на првата трка и секако се надеваме дека ќе имаме претставници кои ќе се искачат највисоко на пиедесталот.
Момци среќно!