Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

МК Конзули од Битола оваа година со променета локација на својот собир, но во ист состав кој ветува одлична забава. Познати како одлични домаќини не се сомневаме дека присутните на нивниот 8-ми по ред мото собир ќе уживаат во настапот на битолските бендови „Grom“ и „Eruption“.

konzuli 2018

Почетокот на собирот е закажан за 17 часот на плоштадот Магнолија во Битола од каде ќе се продолжи со дефиле кое ќе започне во 19 часот. Дефилето ќе води кон ноќниот клуб Парадизо кој се наоѓа на патот кон Пелистер. 

Освен познатите бендови, од клубот најавуваат евтино пиво и добра скара, а за освежување на располагање ќе го имате и базенот од ноќниот клуб па понесете си купаќи. За оние кои ќе останат да преноќат обезбеден е кампинг простор веднаш до ноќниот клуб. Во недела наутро традиционално ќе следува бесплатна Битолска шкембе чорба.

Поканата е отворена за сите добронамерници и пријатели на клубот, МК Конзули ве очекуваат во сабота (11-ти август) во Битола.

Back To Top