Мото клубот Свети Николе МЦЦ ја продолжува акцијата „WHEELS FOR WHEELS BROTHERHOOD“ започната од мото клубот МК Мечки од Куманово за малиот Алексеј кој има потреба од донации за купување на мануелна количка специјализирана за деца со посебни потреби.

Акцијата WHEELS FOR WHEELS BROTHERHOOD започната од мото клубот МК Мечки од Куманово ја продолжува и мото клубот Свети Николе МЦЦ со отварање на пукт за донации на својот мото собир 04-06-2016.

mcc sn

Малиот Алексеј од Куманово, има потреба од донации за купување на мануелна количка специјализирана за деца со посебни потреби, која ќе му служи за подобра социјализација, осамостојување, како дома така и надвор во сите сфери на граѓанското општество и околината.

Оние кои нема да присуствуваат на забавата, а сакаат да донираат, истото можат да го сторат преку следната сметка:
Име: Спасовски Алексеј
Банка: НЛБ Тутунска Банка
Број на сметка: 210501700580090

Back To Top