Мото клубот GUARDIAN ANGELS MC на 16-ти октомври ќе го прослави својот 13-ти роденден, а воедно ќе биде организирана и 11-та крводарителна акција.

Традиционално како и во изминатите 10 години мото клубот GUARDIAN ANGELS MC во соработка со „Даре Џамбаз“ организира моторџиска крводарителна акција.

244598491 10165745462275343 8979970089558097413 n

Акцијата ќе започне во 9 часот наутро, поканети се сите моторџии но и нивните пријатели кои сакаат да даруваат крв и со тоа да спасат нечиј живот. 

Како што се вели во соопштението од клубот:

Ве очекуваме во сабота 16/10/2021 во просториите на дневниот центар Даре Џамбаз. Дури и да ме можете да дарувате, дојдете на добра дружба.

Вечерта пак во нивните клубски простории ќе биде прославен 13-от роденден на клубот.

Back To Top