Dainese Smart GO: Воздушно перниче што се напојува од вашиот паметен телефон
Dainese го претстави Smart GO, нов систем на воздушно перниче дизајниран да ги надмине клучните...
Нашите пријатели од Ф1 Алманах имаа ексклузивна можност да направат интервју со Хорхе Лоренцо, возачот на Јамаха МотоГП тимот, кое го пренесуваме во продолжение.
Со жалење Ве известуваме дека почина Али Томе, по познат како Тони Охохо од мото клубот Којоти од Скопје. Погребот ќе се одржи утре (02.08.2012) со почеток од 11 часот на гробиштата во Драчево. Поворката ќе се формира во 9 часот на бензиската на Мак Оил од каде ќе се вози до гробиштата во Драчево.
Првиот тренинг на патеката Лагуна Сека во САД помина во знакот на Дани Педроза. Возачот на Репсол Хонда тимот забележа време од 1'21.424 кое на крајот од сесијата се покажа како најдобро, оставајќи го Лоренцо на втората позиција, а Кејси Стонер на третата.
На четвртиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој ќе се одржи на 15 јули на патеката Глобаре крај Крушевац (Србија), МФМ за прв пат ќе ја претставува комплетен тим со натпреварувачи од класите МХ65, МХ85, МХ2 и МХ1.
На третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос ќе се одржа на 8 јули на патеката крај Хасково во Бугарија, МФМ ја претставуваа нашите најдобри натпреварувачи, Христиан Илиоски и Гоце Томовски и дебитантот Фазли Ислами сите во најсилната класа МХ1.
Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски во рамките на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос во класата МХ3 за 2012 година кој се одржа на 1 јули на патеката во Шенквице, Словачка успеа во второто возење да стигне до 20 место и освои 1 бод со што испиша нова страница во македонскиот мотоциклизам. Имено тој е прв македонски учесник во натпревар од Светскиот шампионат кој освоил бод.
Под покровителство на МФМ, во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје, а со поддршка од Аеро клубот Скопје на 30 јуни и 1 јули на Стенковец крај Скопје се одржаа вториот и третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.