Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Претставени минатата недела, новите пневматици на Continental, RoadAttack 3, се најновиот додаток на исклучително важниот спортско-туринг сектор кај пневматиците. Направени врз основа на RoadAttack 2 Evo, од компанијата тврдат дека новите пневматици се подобри на влажни услови во споредба со нивниот претходник.
На интернет се појави видео од еден пар како има секс додека се вози на мотоцикл. Видеото е снимено во Парагвај а целиот настан го забележал возач кој со својот автомобил поминал покрај заљубениот пар. Подоцна, тој видеото го предал во полиција.
Радикалните нови додатоци на Ducati кои беа претставени за време на тест викендот во Катар ни дадoa одговор на една мистерија која долго време ги мачеше новинарите – содржината на кутијата и променетиот издув под седиштето на најновиот Desmosedici.
Џонатан Реа продолжува со одличниот настап во новата сезона. Реа стана првиот возач по Нил Хоџсон во 2003 година кој ја започнува сезоната со четири победи по ред. Во изминативе три години Реа имаше одлични настапи на патеката во Тајланд, а и оваа сезона не беше ништо поразлична.
Валентино Роси постигна значителен напредок на вториот ден од тестовите но во неделата неговата среќа се промени и денот го заврши на единаесетото место. И покрај тоа што се мачеше за време на тестот, деветкратниот шампион сепак гледа потенцијал пред се поради настапот на неговиот тимски колега.
Марк Маркез на последниот ден од претсезонските тестови падна три пати. Шпанецот призна дека направил неколку грешки за време на сесијата но сепак вели дека има самодоверба. Маркез го испроба и новиот надворешен додаток на мотоциклот на Honda.
Хорхе Лоренцо имаше добар настап на последниот ден од последниот претсезонски тест. Тој заврши на четвртото место и беше блиску до Дани Педроса (Repsol Honda) и Андреа Довициозо. Петкратниот шампион извозе 53 круга и постигна најдобро време од 1:54:519.
Reale Avintia Ducati во голем стил го претставија новиот мотоцикл и нивниот нов спонзор, Reale, откако со хеликоптер го спуштија на снежната патека во Андора. Веднаш откако го симнаа мотоциклот, Лорис Баз и Емилио Замора, кој е замена за повредениот Хектор Барбера, го испробаа мотоциклот со пневматици за на снег. Баз вели дека е задоволен од чекорите кои ги презема тимот.
Маверик Вињалес не беше единствениот возач на Yamaha кој имаше импресивен настап на минатонеделниот тест на Филип Ајленд. Дебитантот Јонас Фолгер имаше сензационален настап и на крајот заврши на четвртото место. Само малку му фалеше да влезе во елитниот клуб на возачи кои имаа време помалку од 1:28 по извозен круг.
Само што ги прочитав вашите совети во однос на промената на маслото. Во моето упатство од мотоциклот пишува дека треба да го менувам маслото на секои 5000 километри. Но јас само поминувам 1500 километри годишно. Според тоа, треба да менувам масло на секои 3 години. Дали треба да го менувам маслото секоја година? Дали е во ред да го менувам маслото на секои три години бидејќи не возам толку многу?
Со природна и релаксирана ергономија која нуди голем избор на различни позиции за возење, новиот Yamaha MT-10 е разновиден мотоцикл кој истовремено е агилен и многу моќен. MT-10 е одличен мотоцикл кој може да се прилагоди на сите ваши потреби.
Минатиот пат кога пишувавме за „Rain Pal“ тоа беше само еден проект на кој му требаа финансии. Ако мислевте дека нема да успее и несакавте залудно да си ги потрошите парите сега ќе можете да си купите една ваква кацига бидејќи компанијата започна со сериско производство.