Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.

Пјер Шерпин почина како последица од повредите кои ги доби по падот во седмата етапа која се возеше од Хаил до Сакака. Несреќата се случи околу 1 часот по локално време на 178 километар од етапата. Веднаш беше префрлен во болницата во Сакака а според првичните информации тој имал тешки повреди на главата и немал свест. Врз него веднаш била извршена операција. Неколку дена се наоѓал во индуцирана кома а состојбата му била стабилна. Од Сакака тој бил хоспитализиран во Џеда а потоа требало да биде префрлен во болницата во Лил.

Шерпин важеше за пасиониран возач а ова за него требаше да биде четврти настап на релито Дакар. Првпат настапи на оваа трка во 2009 година, кога таа се возеше во Јужна Америка. Беше дел од “malle moto” категоријата. На истата трка и во истата категорија возеше и во 2012 година. Успешно стигна до целта и на двата настани. Трет пат беше дел од релито во 2015 година но мораше предвреме да ја заврши трката поради проблеми со моторот.

Dakar txt 15 01

Шест години подоцна, во 2021 година, повторно се приклучи на истата категорија, која сега се нарекува "Original by Motul". По завршувањето на шестата етапа, тој се наоѓаше на 77-то место во генералниот пласман.

52 годишниот возач беше познат претприемач и морепловец. Оние кои го познаваат велат дека авантурата била движечка сила во неговиот живот а местото на подиумот никогаш не му било премногу важно. „Јас сум аматер. Мојата цел не е да победам туку да откријам нови предели кои никогаш порано не сум имал можност да ги видам“ , изјави неодамна Шарпин.

Сите кои се дел од релито Дакар изразуваат сочуство до неговата фамилија, роднини и пријатели.

Back To Top