Викендов се вози втората трка од МотоГП шампионатот. Погледнете го распоредот за викендот и не заборавајте, МотоГП трката во недела започнува во 19 часот по наше време.
Првата трка од сезоната беше лоша за тимските колеги од Petronas Yamaha, Валентино Роси и Франко Морбидели. Двајцата возачи во текот на трката се соочија со различни проблеми.