На мотокрос патеката во Орман, Скопје, во неделата (11 октомври) се одржа втората трка од Отворениот шампионат на Македонија во мотокрос за 2026 година. Настанот донесе натпревари во повеќе класи, со учество на македонски, српски и грчки возачи. Христијан Илиоски – Кико беше неприкосновен во MX1, додека двојни победи забележаа и Антонио Дамјановски во MX2 и Виктор Андреевски во MX2J.
Николо Булега (Aruba.it Racing - Ducati) продолжи да доминира во Светскиот супербајк шампионат, откако со победата во втората трка на патеката Есторил го собори долгогодишниот рекорд на Џонатан Реа за најмногу освоени поени во една сезона.
MotoGP воведува парични казни за возачите кои нема да присуствуваат на задолжителните промотивни активности за време на тркачките викенди. Оваа мерка, која стапи на сила по известувањата испратени до тимовите за време на Индонезиското Гран При, предвидува санкција од 5.000 евра за секој пропуштен настан.
Изан Гевара ја оствари својата трета последователна победа во Moto2 шампионатот на патеката „Пертамина Мандалика“ во Индонезија. Во 17-тата рунда од сезоната 2026, Гевара го презеде првото место во претпоследниот круг, откако дотогашниот лидер Алекс Ескриг беше принуден да се повлече поради дефект на мотоциклот.
Марко Бецеки ја предводеше доминацијата на Aprilia на трката за Големата награда на Индонезија, каде што италијанскиот производител ги освои првите четири позиции, додека Хорхе Мартин со освоеното трето место се врати на челната позиција во генералниот пласман.
Maximo Quiles ја освои титулата светски шампион во Moto3, откако доминираше во текот на целата сезона и ја потврди својата супериорност со победа на Големата награда на Индонезија. Младиот возач од Мурсија, роден во 2008 година, во Мандалика пристигна со импресивен учинок од девет победи во петнаесет трки и над 300 освоени поени.