По двомесечна пауза тимовите и возачите се вратија во Малезија на патеката Сепанг каде се одржува првиот официјален зимски тест. Штефан Брадл откако во 2011 ја освои титулата во Мото2 класата, оваа сезона ќе ги брани боите на LCR Honda МотоГП тимот.
Првото возење на новиот YZR-M1 за Хорхе Лоренцо и Бен Спиз во 2012 се покажа како одлично за тимот на Јамаха. Првиот ден од тестирањето во Сепанг го одбележа најдоброто време на патеката поставено од Хорхе Лоренцо, а неговиот клубски колега Бен Спиз денот го заврши на четвртата позиција.