Според информациите до кои дојдовме од Дорна (сопственикот на правата за МотоГП), на територијата на Македонија МотоГП шампионатот ќе се емитува непречено преку SportKlub каналот.
Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 30 март 2012 година во пријатна атмосфера на ресторанот Роџер пијано го одржа годишното прогласување на најдобрите во мотоциклизмот во Македонија за 2011 година.
Пред почетокот на новата ера на мотоцикли со зафатнина од 1000цц во МотоГП шампионатот, тимот на Yamaha Tech3 на патеката Херез ги претстави новите бои на моторите на Кал Крачлоу и Андреа Довициозо.
На церемонијата која се пренесуваше во живо на интернет, МотоГП тимот на Дукати го претстави изгледот на GP12, моторот со кој Ники Хејден и Валентино Роси ќе се обидат да му ја вратат славата на италијанскиот тим.
Претседателот на BMW, Hendrik von Kuenheim, во својата изјава за motogp.com навестува дека Баварската фабрика наскоро ќе ја видиме во најдоброто светско мото натпреварување.