Првиот слободен тренинг на патеката Каталуња помина во знакот на Кејси Стонер. Актуелниот Светски шампион постави време кое е безмалку за половина секунда зад официјалниот рекорд на патеката, но сепак само 0.1 делови од секундата пред Дани Педроза.
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Шари мотокрос на 3 јуни на патеката Порој крај Тетово ќе се одржи уште еден натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.
Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на петтиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 3 јуни на патеката во Младина, Хрватска.
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, aво техничка организација на МК Мото Велес на 27 мај на патеката крај езерото „Младост“, традиционално трета година по ред Велес ќе биде домаќин на првиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро.