Возачот на Јамаха МотоГП, Бен Спиз, го најави своето повлекување од тимот по крајот на сезоната. Според последните информации, тој кариерата ќе ја продолжи во Супербајк шампионатот со тимот на БМВ.
На четвртиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој ќе се одржи на 15 јули на патеката Глобаре крај Крушевац (Србија), МФМ за прв пат ќе ја претставува комплетен тим со натпреварувачи од класите МХ65, МХ85, МХ2 и МХ1.
На четвртиот, претпоследен натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој ќе се одржи викендов на патеката Истанбул парк во Турција, МФМ ќе ја претставуваат пет натпреварувачи.
Од денеска фабричкиот МотоГП тим на Јамаха има нов спонзор. „BM Group“ е компанијата која ќе го спонзорира тимот до крајот на сезонава, но и во следните две години.
Во интерес на безбедноста на МотоГП возачите, на трката за ГН на Италија која викендов се вози на патеката Муџело, Бриџстоун одлучи да ги снабди возачите со специјални задни гуми адаптирани за оваа патека.