Вториот тренинг на патеката „CotA“ во САД повторно помина во знакот на Марк Маркез кој значително го подобри своето време од првиот тренинг и ја задржа првата позиција.
Неколку твитови помеѓу Макс Бијаџи и Флавио Бријаторе за време на трката од Светскиот Шампионат во Арагон, потикнаа шпекулации дека пензионираниот двократен Супербајк шампион размислува да се врати на трките.
Почнувајќи од првиот ред во Лосали, Педроса успеа да му го украде второто место на возачот на Monster Yamaha Tech 3, Кал Кратчлоу, но не успеа да го предизвика победникот Хорхе Лоренцо. На крајот тој сепак заврши на четвртото место.
Четирите македонски мотоциклисти кои ја претставуваа Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) не успеаа да изборат пласман во бодови на првиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат на кружни патеки кој се одржа на 14 април.