Информацијата дека Милер го комплетираше преминот во Pramac се чини дека ја направи неизвесна судбината на нивниот актуелен возач, Скот Рединг. После тешкиот старт на сезоната, во моментов неговото име е надвор од листата на секој тимски менаџер.
Викендов на патеката Серез во Грција се возеа 8-та и 9-та трка од Европскиот БМУ шампионат во брзински мотоциклизам, каде настапија тројца македонски возачи, Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) во класата 125цц, а Игор Спиров (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) и Слободан Ивчески (МК Сакамото) во класата F1000.