Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.
Валентино Роси и Маверик Вињалес побараа од првите луѓе на тимот да ја зголемат брзината кај машината за сезоната 2020...Но, мали се шансите да се случи тоа.
И покрај тоа што само еднаш ја тестираше новата шасија, Андреа Довициозо вели дека е среќен бидејќи Ducati навистина е фокусиран на подобрување на Desmosedici.
Фабио Куартараро постигна второ најдобро време со прототип моторот на Yamaha на тестот во Херез. На крајот тој заврши со заостанување од 0,754 секунди зад Маверик Вињалес. Франко Морбидели вели дека новиот мотор се уште ја има душата на Yamaha.