Возачот на Хонда и актуелен Светски шампион, Марк Маркез, продолжи со својата доминација во МотоГП шампионатот освојувајќи ја третата пол позиција во третата рунда од сезоната.
Како што беше очекувано, веќе на вториот тренинг во Аргентина времињата на сите возачи се подобрија, а Марк Маркез беше единствен возач на патеката со време под граница од 1:40.00
Хорхе Лоренцо забележа најдобар резултат на првиот тренинг пред трката за големата награда на Аргентина која во недела се вози на патеката „Termas de Rio Hondo“.
Заради повредите на раката со кои се здоби на трката во САД, возачот на Дукати Кал Крачлоу нема да настапи на трката во Аргентина која се вози овој викенд.
Марк Маркез продолжува со доминацијата во Мото ГП класата со втора победа во втората трка од сезоната. Актуелниот светски првак беше најбрз и на „Circuit Of the Americas“, патеката во Остин, Тексас, на трката за Големата награда на САД.
Новиот шеф на Априлија рејсинг тимот, Романо Албесиано, во интервјуто за MotoGP.com ги откри плановите на тимот според кои од 2016 Априлија се враќа како фабрички тим во МотоГП.
Деветкратниот Светски шампион во МотоГП, Валентино Роси, денеска потпиша две годишен договор со тимот на Сузуки за кој ќе настапува од следната сезона!
Сезоната започна на најдобар можен начин, со фантастична трка во која имаше многу пресврти и падови за најава на она што може да биде една од најдобрите сезони во последните години.