МотоГП сезоната 2015 официјално започна со првиот зимски тест на патеката Сепанг во Малезија. На првиот ден најдобро време забележа Марк Маркез, втор беше Валентино Роси, а трет Хорхе Лоренцо.
За фановите на Јамаха во МотоГП шампионатот зимската пауза заврши денеска со претставувањето на боите на YZR-M1 во Мадрид со кои Роси и Лоренцо ќе атакуваат на титулата.
Хорхе Лоренцо е оптимист дека следната сезона ќе има сила да му се спротистави на Марк Маркез, сезона во која двајцата возачи ќе се обидат да дојдат до третата шампионска титула.
За време на Монца релито кое се одржа викендов, шефот на Сузуки МотоГП тимот Давиде Бривио одговараше на прашања од motogp.com за возачите и напредокот на производителот кој се враќа во шампионатот во 2015 година.