Австрискиот гигант KTM ја користи најдобро што може платформата која ја нуди MotoGP за маркетиншки цели.

И ова не е ништо ново, барем не во светскиот шампионат затоа што овој концепт е веќе добро познат во Moto3 каде KTM ги ребрендира своите мотоцикли за да добијат медијумска изложеност и останатите брендови во нивната групација. А и зошто некој би им забележал за ова? Нивни пари, нивни планови. На крајот на краиштата и вложувањата и профитот се од, и за истиот џеб. 

Доволно е и еден од брендовите да го носи името KTM, односно да има два портокалови мотора за да се постигне целта. Не мора да имате 16 мотори како дел од шампионатот за да биде забелеѓан брендот.

Па така во Moto3 моторите на KTM се ребрендирани како Husquarna, Gas Gas и CFmoto што секако ги става на мапата на светските познати брендови, нешто што можеби за дел од нив беше незаимисливо претходно.

Истиот рецепт сега ќе го гледаме и во најголемата класа, каде од следната сезона ќе се појави нов бренд под името Gas Gas во партнерство со Tech3 кој до сега беше сателитски тим на KTM. Исто е ама не е исто, де!

Практично се освен брендингот ќе остане исто. Секако ова бара поинаков приод во поглед на сите оние ПР фотографирања и интервјуа и ќе му даде на тимот малку посериозна нота, но во основа разликите ќе бидат мали. На оваа карта веројатно и веста дека Pol Espargaro ја напушта Honda за да вози за Tech3 Gas Gas звучи поприфатливо отколку да се каже дека вози за сатеитски тим на KTM? Можеби…

Инаку второто место во тимот е непознаница, и до вчера се зборуваше за Gadner како потенцијален возач, но од денес е повторно во оптек веста за наводно задржување на Oliveira во семејството на Австрискиот произведувач, откако доиб отказ заради ангажманот на Jack Miller на неговото место. 

Како и да е, оваа рокада ќе внесе малку свежина и е своевиден дефокус од повлекувањето на Suzuki од шампионатот.

Ние ќе им посакаме добредојде и нека им е со среќа!

Back To Top