(Време на читање: 1 - 2 минути)


По азиската турнеја, MotoGP шампионатот повторно се враќа во Европа за Repsol Големата награда на Португалија. Возачите ги очекува еден од најатрактивните модерни комплекси во светот на мотоциклизмот, Autódromo Internacional do Algarve, патека која поради своите нагорнини и падини често ја нарекуваат „ролеркостерот на MotoGP“.

Autódromo Internacional do Algarve

Сместена во прекрасниот регион Алгарве на југот од Португалија, патеката Портимао беше отворена во 2008 година и за кратко време стана една од омилените дестинации за возачите и навивачите. Дел е од современиот Algarve Motorsports Park комплекс кој покрај тркачката патека вклучува картинг центар, офроуд парк, хотелски капацитети и технолошки центар.

motogp portugal

Она што ја прави патеката посебна се драматичните висински разлики и слепите влезови во свиоците кои создаваат чувство како возачите да се движат по ролеркостер. Долгиот стартно-целeн правец (970 метри) им овозможува на MotoGP машините да ја покажат целата своја моќ пред силното сопирање за првиот свиок, што често резултира со спектакуларни престигнувања.

Со вкупно 15 свиоци, од кои девет десни и шест леви, Портимао претставува вистински тест за шасијата, суспензијата и вештините на возачите, а воедно создава и едни од најимпресивните телевизиски кадри во текот на сезоната.

Спецификации на патеката:

  • Вкупна должина: 4.59 km
  • Ширина: 18 m
  • Најдолг правец: 970 m
  • Десни свиоци: 9
  • Леви свиоци: 6

Распоред за следење на трките во Португалија:

Петок – 20 ноември

ВремеКласаНастан
10:00-10:35 Moto3™ Слободен тренинг бр. 1
10:50-11:30 Moto2™ Слободен тренинг бр. 1
11:45-12:30 MotoGP™ Слободен тренинг бр. 1
14:15-14:50 Moto3™ Тренинг
15:05-15:45 Moto2™ Тренинг
16:00-17:00 MotoGP™ Тренинг
Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: