MotoGP

Дали MotoGP тимови возат со недозволен притисок во пневматиците?

Старата поговорка вели “прво скокни па викни оп!”. Пред да се донесат некои заклучоци да ги погледнеме фактите.

Живееме во време во кое вестите, благодарение на интернетот, патуваат со неверојатна брзина. Што е уште поважно никој не чека на проверка на фактите, ниту смета дека е тоа важно, по што веднаш се носат заклучоци кои често се избрзани и нереални.

Па така вчера се појави вест, пласирана од реномираниот новинар Max Oxley, која не е воопшто погрешна, но која покрена лавина од реакции. Фактот што го изнесе новинарот укажува на разлики во притисокот на пневматиците кај возачите, конкретно од последната трка на која победи Pecco Bagnaia, кој е и главниот посочен во отстапката од претходно зададениот минимум на притисок на воздух во предната гума.

Имено, минималниот дозволен притисок во гумите е претходно зададен од страна на Michelin, со цел избегнување на користење на понизок притисок на гумите за поголем контакт со подлогата и подобри перформанси. Kако последица на истиот се јавува деформирање на каркасот на пневматикот и потенцијален пад на возачот. Бевме сведоци на овој ефект на првите тестирања за сезоната 2016-та кога Францускиот гигант стана единствен добавувач на гуми, како замена за Bridgestone, кога возачите навикнати на претходната спецификација на гуми, паѓаа невообичаено често заради непредвидливите карактеристики на новите гуми.

ewq 0 0.big

Тогаш зошто не се оди со повисок притисок на воздухот во пневматиците? Повисокиот притисок гарантира избегнување на деформацијата на гумата, но од друга страна пак заради ефектот на прегревање на гумите во текот на трката, повлекува природно и зголемување на притисокот, особено возејќи зад конкурент со што се намалува можноста за природно ладење. Поголем притисок е еднаков на помал контакт со подлогата и полоши перформанси. Полоши перформанси се некогаш и полоши за возачите од небезбеден пневматик кој нуди подобри перформанси. ОК, претерав во споредбата, ама ја сфаќате поентата. Возачите се единствено несреќни кога се спори.

Равенката за среќен возач

Пр.1 Понизок притисок = подобри перформанси со поголем ризик за дефоромација на пневматикот и пад на возачот = несреќен (ама брз) возач

Пр2. Повисок притисок = побезбеден пневматик со послаби перформанси = несреќен (спор и исфрустриран) возач

Значи балансот меѓу овие 2 екстремни примери е успешната формула која ја бркаат сите инженери и тимови.

За фер успови на натпреварување и перформанси меѓу тимовите постои одреден минимум на притисокот во гумите зададен од Michelin пред секоја трка, заради различните услови на патеките и различните компоненти на гуми кои се носат на истите. Дали ова значи дека некој не ги почитувал правилата и треба да биде казнет? Не баш.

Договорот меѓу производителите е џентлменски, односно необврзувачки и не постои де факто како правило во правилникот.

Заради овие гласини кои се појавија во текот на вчерашниот ден, шефот на Ducati Gigi Dall’Igna излезе со некои интересни одговори пред новинарите, како еден од посочените, иако имаше несовпаѓања и кај мерењата на предната гума на Jorge Martin, како и кај задниот пневматик на Dovi на Yamaha и предниот на Rins на Suzuki.

Суштината на неговите изјави е дека не се работи за намерно кршење на договорот затоа што сензорите за мерење кои се поставени на самиот бандаж, се од различни производители и првенствено користат за сопствена анализа на перформансите, односно не се работи за унифицирани мерачи. Тоа дозволува само по себе и одредена толеранција која може да даде различни параметри. Во спортот во кој разликите на постигнатите резултати меѓу возачите се мерат во илјадите делови од секунда, и каде ситните детали резултираат со големи поместувања во поредокот, едноставно нема место за непрецизни мерачи.

Ново правило за 2023

Ова може да се промени веќе во 2023 година со воведување на правило и унифицирани мерачи, особено по појавување на оваа информација, затоа што никој организатор не сака сомнеж во легалноста на резултатите.

Друга причина, можеби и најбитна, е фактот што пневматиците на Michelin едноставно покажуваат неконзистентни карактеристики кои бараат одредено планирање и одреден пристап кон трката. Ќе ја земеме за пример трката во Херез како трка во која температурите беа највисоки во досегашниот шампионат, и на која се повикува новинарот Oxley.

Со високите температури доаѓа и ризикот од повисок притисок, па е навистина тешко да се погоди најсоодветниот притисок на воздух без да се премине лимитот на Michelin, односно од друга страна да се претера со притисокот па да се добијат лоши перформанси.

Тука доаѓа на ред претходно споменатото планирање. 

Доколку како тактика за трка Ducati одбрал да оди со, за нијанса, понизок притисок во предната (спорна) гума, рачунајќи дека ќе ја поминат трката зад главниот конкурент и кандидат за победа Fabio, со што би се довеле во ситуација да бидат на граница на посочениот притисок на воздух, а сепак со оптимални перформанси, тогаш работите стануваат појасни. Но Pecco ја искористи можноста и јурна напред веднаш, затоа што кој ќе му гарантираше дека ќе успееше да го стигне и престигне Fabio кој имаше пеколно брзо темпо на утринскиот warm up? Впрочем и во самата трка Fabio се повлекуваше затоа што карактеристиките на Yamaha и идеалното темпо на Pecco, не му дозволуваа претекнување, па постоеше опасност од прегревање на предната гума.

Според сета ова што го наведовме, би можело да се извлече заклучок дека прво Michelin сепак треба да си ја преземе одговорноста и да произведе конечно пневматик кој нема да биде толку непредвидлив (како што беше примерот во Индонезија), а како второ DORNA ќе мора да воведе унифицирани сензори, а и правило по кое ќе се мониторира притисокот во пневматиците и соодветно санкционира престапникот. Едноставно првото не оди без второто и обратно.

Ова не значи дека следиме шампионат кој има нелегални победници, туку дека во моментов нема услови за поставување на соодветно правило на темата. Или што би рекле Англичаните: “не ги обвинувајте играчите, туку обвинете ја(ги) играта(правилата)”!

Би можело да ве интересира

Деновите, пред една од најкултните трки во календарот, изобилуваат со содржини.

 Според најавата на некои светски медиуми за очекување е KTM многу наскоро да ја лансира својата нова понуда во рангот на новата 490 серија. 

Дали организација на трка значи само објавување на стартот и мафтање со црно бело знаме за крај? Дали обврските на организаторот завршуваат тука?

Неверојатна е брзината, желбата и посветеноста на најбрзите тројца на секоја досегашна трка во овогодинешниот шампионат на суперспортските мотори WSBK!

Викендов во Србија на патеката Навак се возеа 3 и 4 трка во рамките македонскиот и БМУ европскиот шампионатот во врзински мотоциклизам. 

Запознајте ги Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег. Јас ги запознав едно неделно попладне на полјана во близина на спортскиот аеродром Стенковец. 

Листа на мото настани

Забава на Custom Choppers Strumica по повод отворањето на нивниот клаб хаус.

  • 14 Мај 2022 - 14 Мај 2022
  • Custom Choppers Club House
  • На главниот булевар во Струмица

Мото клубот Вепар на 15-ти мај ќе ја организира петтата по ред бавна трка.

  • 15 Мај 2022 - 15 Мај 2022

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

МК Мечки од Куманово го најави годинешниот „Moto Rock Fest 2022“.

  • 11 Јуни 2022 - 11 Јуни 2022
  • Спортски аеродром Аџитепе

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Да продолжиме со поголемо темпо од онаму кај што застанавме во 2019 година.
Се гледаме на првиот викенд во месец Јуни!!!
  • 03 Јуни 2022 - 05 Јуни 2022
  • Нов Парк
  • Свети Николе

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.