MotoGP

Mooney VR46 Racing Team е конечното име на новиот MotoGP тим!

Откако се растури ионака климавата соработка со арапската нафтна компанија Aramco, конечно се склопи финансиската конструкција за тимот на Rossi.

Следете нè на:

 

Откако се растури ионака климавата соработка со арапската нафтна компанија Aramco, конечно се склопи финансиската конструкција за тимот на Rossi.

vr46 mooney

Вестите се оптимистички за новиот тим на Valentino Rossi. По најавата за отпочнување на спонзорска соработка со нафтната компанија Aramco, која е во сопственост на Саудиска Арабија односно под директна контрола на Принцот Mohammed bin Salman, многумина го критикуваа италијанскиот шампион за “шурување” со непријателот. Дури и овогодинешната прва трка на F1 возена во Кралството беше под постојани критики. Секако непочитувањето на човечките права во Саудиска Арабија се главна причина за кревање глас на критизерите. 

Како и да е целата работа падна во вода, а за причините можеме само да нагаѓаме.

Можеби неисполнување на желбата на Принцот за возачки ангажман на големиот Rossi, беше една од причините, или пак конечно Vale сфати дека ќе треба да му игра на музиката што ќе ја свири Принцот доколку се фатат на орото?

Како и да е, италијанската фирма за нудење на финансиски услуги Mooney е новиот партнер кој ќе ги поддржува тимовите на VR46 и во Moto2 и во MotoGP, и ќе им помогнат финансиски на нивните возачи да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите.

Секако дека Rossi не е на просјачки стап, но финансиско вложување во сопствен тим никогаш не се покажало како добра идеја, особено во мото спортовите. Вака се добива одржлив модел кој нема да зависи и во иднина од италијанскиот светски шампион.

Официјалното објавување на соработката се очекува веднаш по нова година додека ние сите можеме да се радуваме на некое ревијално, или дури и тест возење на Valentino на Desmosedici GP22. Веројатно и самиот сака да дознае дали пензионирањето се должеше на неговата неможност да го искористи потенцијалот на Yamaha, и конечно да се помири со единствениот мотор со кој никогаш не успеа да победи.

Би можело да ве интересира

По промоциите во Маврово и Пониква овој викенд CFMOTO караванот ќе биде на Попова Шапка. Искористете го овој викендот (22-23 јануари), да се запознаете со новиот ексклузивен модел на CFMOTO UTV 1000 XL.

CFMoto продолжува со својот агресивен и убедлив напад на Европските и светските пазари. 

И не е толку големо изненадување ако кажеме дека и во 2021 година сакавме што е можно повеќе да се одвоиме од пандемиската реалност и да побегнеме барем на едно попладне некаде каде нема да мислиме на тоа, нели? А како подобро да се препуштиме на уживање ако не на мотор?

Малку незграпен избор на зборови, но секако се радуваме што ултраталентираниот 6-кратен шампион се чувствува подобро и се врати на тренирањето со мотоцикл.

Приватниот тим на починатиот Fausto Gresini ја раскина врската со фабричкиот тим на Aprilia и ги замени мотори со уште еден италијански мотор – Ducati!

Како што погребите и венчавките се дел од секојдневието, нема причина да не бидат дел и од уникатното наптреварување како што е релито Дакар.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.