Тимот работи паметно а внатре во екипата владее позитивна атмосфера, вели новиот возач на Petronas, Валентино Роси, по завршувањето на пред-сезонскиот тест во Катар.

Невремето кое го погоди Катар го спречи Валентино Роси да го комплетира петиот и последен ден од МотоГП тестот кој се оддржа во Лосаил. Но и покрај ова, Италијанецот вели дека веќе се завршени 85 проценти од работите и дека е постигнат очигледен напредот во пресрет на првата трка од сезоната која ќе се оддржи викендот од 26-ти до 28-ми март.

„Залудно потрошивме еден ден но за среќа вчера завршивме голема работа“, вели Роси кој тестот го заврши на единаесетото место со заостанување од 0.810 секунди зад возачот на Ducati, Џек Милер.

„Штета, бидејќи имавме уште неколку работи кои сакавме да ги пробаме, вклучувајќи ја и тркачката симулација. Но, чуството е позитивно бидејќи во последните два дена подобривме неколку работи на мотоциклот.“

„Можам да возам малку подобро. Минатата година бев многу побрз и имав добро темпо.“

„Тимот работеше паметно за време на зимата, имаме нова шасија и аеродинамика“, вели 42 годишниот возач. „Ова е особено важно бидејќи според мене, минатата година имаше многу проблеми кои мораше да ги поправиме.“

Valentino Rossi Qatar main 17 03

„Втората позитивна работа е тоа што во тимот владее позитивна атмосфера. Овие две работи ме прават особено среќен.“

„Оваа година ќе има многу возачи и тимови кои ќе бидат навистина брзи, но и ние ќе дадеме се од себе. Мораме да почекаме до првата трка за да видиме до каде сме во однос на другите тимови. Но имам добро чуство за трката во Катар.“

Роси, кој поради коронавирусот мораше да пропушти две трки минатата сезона, потврди дека е еден од возачите кои ја прифатиле понудата за вакцинација на Катарската влада. „Утрово се вакцинирав и мислам дека тоа е исправен чекор за побрзо да се вратиме по старо. Само на овој начин нема да имаме потреба да стравуваме од тоа дека може да пропуштиме некоја трка, нешто што ми се случи минатата година“, вели Роси.

Новиот тимски колега на Роси, Франко Морбидели, кој настапи со М1 кој има А спецификации, заврши на четвртото место на комбинираната табела.

Back To Top