Зелениот тим на Токио Мотор Шоу го претстави концептот за новиот модел со турбина наречен SC-01 „Spirit Charger“.

spirit charger concept image

Зелениот тим на Токио Мотор Шоу го претстави концептот за новиот модел со турбина наречен SC-01 „Spirit Charger“.

Кога Кавасаки ги претстави новите H2 и H2R во Келн, знаевме дека нема да бидат единствените мотори со турбина кои ќе ги видиме од „зелениот тим“. Годинешново Мотор Шоу во Токио ги потврди шпекулациите, Кавасаки го најави новиот концепт наречен SC-01 „Spirit Charger“.

Според информациите кои беа објавени се работи за модел кој во сериското производство треба да ја носи ознаката „S2“, а ќе има зафатнина од 650цм3. Иако изгледот не ја пренесува агресивната слика која ја носеа H2 и H2R, сепак се очекува она што е под пластиките да биде импресивно.

Шпекулациите кои кружеа пред Кавасаки да го претстави концептот говореа за паралелен твин агрегат, но по се изгледа дека Кавасаки се одлучи за линиски мотор со 4 цилиндри. Иако сеуште не се познати перформансите на моторот, сигурни сме дека ќе биде еден од нај посакуваните модели во суперспорт сегментот.

Додека чекаме повеќе информации од Мотор Шоу Токио саемот, ни останува само да се надеваме дека цената нема да биде небесно висока како што беше тоа случајот со H2R.

Back To Top