(Време на читање: 1 - 2 минути)


Британскиот производител Triumph има интересна понуда за македонските моторџии кои размислуваат за купување нов мотор. Официјалниот претставник Triumph Motorcycles Skopje најави промотивна акција со која сите мотоцикли што моментално се наоѓаат во продажниот салон доаѓаат со шест години гаранција со неограничена километража, вклучена во акциската цена.

Понудата важи до крајот на 2026 година и се однесува на расположливите мотоцикли во салонот, што ја прави особено интересна за оние кои планираат да купат мотор пред почетокот на следната сезона.

Triumph во Македонија – шест години гаранција со неограничена километража

Три години стандардна и уште три години гаранција без доплата

Она што ја издвојува оваа акција е продолжениот гарантен период. При купувањето нов мотор, покрај цената, перформансите и опремата, важен фактор е и сигурноста што ја добива сопственикот во годините што следуваат.

Како што ни потврдија од Triumph Motorcycles Skopje, шестгодишната гаранција се состои од три години стандардна гаранција и дополнителни три години без доплата, кои локалниот претставник ги обезбедува во рамките на актуелната промоција.

Особено важно е што гаранцијата нема ограничување на километражата. Тоа значи дека моторџиите можат да го користат својот мотор без да се грижат дека ќе го надминат дозволениот број километри и поради тоа ќе го изгубат гаранциското покритие. Ова е значајна предност, особено за оние кои редовно патуваат и поминуваат илјадници километри годишно.

Понудата важи до крајот на 2026 година

Акцијата е ограничена на мотоциклите што моментално се достапни во продажниот салон на Triumph во Скопје. Заинтересираните можат директно да се информираат за расположливите модели, нивните акциски цени и конкретните услови на гаранцијата.

Продажниот салон на Triumph Motorcycles Skopje се наоѓа на улица „Св. Кирил и Методиј“ бр. 20 во Скопје, а повеќе информации можете да добиете и на телефонскиот број +389 2 3166 863.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: