На последниот состанок на МС Унијата на Република Македонија, донесени се следниве одлуки:

На 1-ви ноември 2018 година беше формирана „Ем-Си унија“ со инцијатива на ем-си клубовите: Potfat MC - Македонија, Ноќни Волци МГ - Македонија, Lowlanders MC - Македонија, Gremium MC - Македонија, Steelwings MC - Македонија, Dardanians MC - Македонија и Guardian Angels MC - Македонија.

На последниот состанок на МС Унијата на Република Македонија, донесени се следниве одлуки:

  • Во период од една година, нема да се примаат нови клубови за членови на Унијата. Ќе се направи разгледување на ситуацијата на почетокот на 2020 година.
  • Клубовите кои се дел од Унијата, мора да ги почитуваат одлуките на Унијата, утврдени со мнозинско гласање на состаноците на Унијата.
  • Доколку некој член или проспект на постоечки МС клуб го прекине членството во својот МС клуб, 3 години не смее да се приклучи кон друг МС клуб.
  • Задолжително е за сите МК клубови на територијата на Република Македонија да носат едноделни обележја (бои).
  • Основање на нов МС клуб на територијата на Република Македонија не е можен без согласност од Унијата. Доколку се добие оваа согласност, новиот МС клуб е hangaround на целата унија, па потоа prospect на целата Унија. За да добие статус на независен МС клуб, потребна е согласност од сите членки на Унијата.

Се замолуваат сите постоечки МС и МК клубови да ги почитуваат донесените одлуки.

МС Унија на Република Македонија

Back To Top